Фирма "Велеганов" од Пловдив изработува камбани од калеена бронза по семејна технологија. Камбаните можат да се изработуваат со одреден тон и натпис по желба на клиентот. Според својата тежина, тие можат да се хармонираат, т.е. да има редослед во тоновите, ако камбаните се две или повеќе. Камбани изработени од нас има во скоро сите храмови во Бугарија, а исто така и во храмови во Македонија, Србија, Германија и Турција. Камбаната, која што ги пресретнала руските ослободителни војски во град Пловдив е изработена од Лазар Велеганов. Животот на една камбана е повеќе од 100 години. Уште од создавањето на фирмата во 1872 година, квалитетот на изработените од нас камбани е докажан во текот на времето. Денес наследниците на семејство Велеганови изработуваат камбани по истата технологија и со истиот квалитет. br> |